Приведен возач поради брзо возење
23.07.2025 12:15
| KumanovoNews
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ноќеска во 17.47 часот го лишиле од слобода А.С.(31) од Куманово.

„При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.С. управувал патничко возило „мазда“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.