Приведен жител на Алгуња - запалил стрниште, изгореле дрва на соседот
16.03.2026 12:08
| KumanovoNews
Жител на селото Алгуња е приведен откако предизвикал пожар на туѓ имот.
„Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во селото Челопек запалил сува трева и стрниште, при што предизвикал пожар на имот сопственост на Г.С. (60) од Куманово, при што биле опожарени дрва“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.
Д.П. бил приведен во полициска станица и, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.