Приведена кумановка, осомничена дека одзела паричник на сограѓанин
12.11.2024 11:37
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера ја привеле М.М. (41) од Куманово, под сомнение дека одзела паричник на сограѓанин.

„Таа се сомничи дека вчера на Градскиот плоштад во Куманово на С.П. му го одзела паричникот. М.М. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.