Приведени две лица кои запалиле автомобил на кумановец
13.01.2022 12:28
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера ги лишиле од слобода Б.Ш.(27) и Ш.И.(33), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека во декември минатата година, на бул.„Трета МУБ“ предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово.

Тие биле приведени и задржани во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.