Мени

Привремено затворени три патни правци во Крива Паланка поради појава на свлечишта (видео)

15.06.2023 17:29 | Жаклина Цветковска

Сообраќајот за сите моторни возила на 3 патни правци во  Крива Паланка  е привремено забранет поради појава на свлечишта предизвикани од обилните врнежи, кои деновиве ја зафатија општината.

Забрането е движењето на возила на патните правци: Крива Паланка - село Кошари, приклучок со ул. Св.Јоаким Осоговски - Саат маала, крак од ул. „Моша Пијаде“ и дел од ул. „Калин Камен“ до оградениот ѕид над СОУ „Ѓорче Петров“.

На овие делници  ќе можат да сообраќаат само интервентни возила.

Патните правци се затвораат од  безбедносни причини, а прекинот на сообраќај ќе трае  се додека не заврши санацијата на свлечиштата и  градежните активности за отстранување на нанесените штети.

Решенијата за привремена забрана ги донесе градоначалникот Сашко Митовски, кој апелира до граѓаните за разбирање и доследно почитување на забраната, како и да не ја поместуваат или отстрануваат поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

 

Привремено затворени три патни правци во Крива Паланка поради појава на свлечишта (видео)