Мени

Пролетно прскање против крлежи на повеќе локации во Куманово

12.05.2026 15:34 | KumanovoNews

Во четврток и петок ќе се спроведе третман на дезинсекција против крлежи на зелените површини на територијата на Општина Куманово.

Пролетно прскање против крлежи на повеќе локации во Куманово

Третманот ќе започне во 05:00 часот наутро и ќе трае до 8 часот. Ќе се реализира на следните локации: Соколански парк, малиот плоштад пред НУЦК „Трајко Прокопиев“, големиот плоштад пред „Нама“, Спомен-костурницата, локалитетот Кошеви и Градскиот парк.

Во петок истиот третман ќе биде спроведен и на Градскиот кеј.

Дезинсекцијата ќе се врши со препаратот „CIMINA PLUS“.

Доколку временските услови не дозволат спроведување на третманите, тие ќе бидат одложени за наредниот ден.