Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд
29.10.2018 08:54
| KumanovoNews
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, преку денот ќе има зголемена облачност, со услови за краткотраен локален дожд, особено предпладне.
Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Температурата минимална од 9 до 15 а максимална од 21 до 25 степени.
Нашето подрачје во наредните денови ќе се наоѓа под јужно воздушно струење. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло за овој период од годината. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој перод.
Повремено ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец. Од среда брзината на ветерот ќе се намали.

