Пронајдени бомби и гранати од Првата светска војна во Челопек
27.05.2026 12:08
| KumanovoNews
Две рачни бомби и две запалки од артилериски гранати од 76 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна, биле пронајдени во напуштена куќа во селото Челопек, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, случајот бил пријавен во полиција, по што на терен излегла екипа за увид.
Експлозивните направи вчера безбедно ги подигнал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
(фото. архива)