Пронајдено оружје и муниција во куќа на жител на Романовце
25.11.2024 09:59
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово привеле 30-годишен жител на Романовце, затоа што му пронашле оружје и муниција.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
(фото архива)