Мени

Пукна водоводна цевка на „Никшиќка“

03.09.2019 10:39 | KumanovoNews

Голем дефект утринава е регистриран на ул.„Никшиќка“, во населбата Гоце Делчев, во близина на хотелот „Мимоза“.

Пукна водоводна цевка на „Никшиќка“

Пукнала водовна цевка која поплави дел од улиците.  Дефектот е пријавен во 7 часот и екипи на ЈП „Водовод“ излегле на терен и работат на отстранување на дефектот. Без вода останаа потрошувачите на улиците  Никшиќа, „Титова Митровачка„ и други во теојд ел на градот.

Се очекува дефектот да биде остранет до крајот на работното време.