×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштено во употреба инклузивно игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“

    03.12.2021 19:52 | Сузана Николиќ

    Во дворот на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ – Куманово денеска е пуштено во употреба пристапно инклузивно игралиште, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември.

    Пуштено во употреба инклузивно игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“

    Игралиштето е изградено преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

    Инаку, овој проект финансиран од Европската Унија, заокружува 15 месеци успешна работа во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

    Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.