Рамазан Бајрам - неработен за сите граѓани
03.06.2019 07:38
| KumanovoNews
Првиот ден на Рамазан Бајрам, 4 јуни (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е во согласност со Законот за празниците на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.