Мени

Распишан меѓународниот фотоконкурс „ОБЈЕКТИВно Врање 07“ посветен на Бора Станковиќ

09.07.2026 09:02 | KumanovoNews

Центарот за медиумска транспарентност и општествена одговорност (ЦМТОО) од Врање, седма година по ред го распишува меѓународниот фотоконкурс „ОБЈЕКТИВно Врање“.

Распишан меѓународниот фотоконкурс „ОБЈЕКТИВно Врање 07“ посветен на Бора Станковиќ

Оваа година темата е „Бора околу нас и Бора во нас“ - (Бора око нас и Бора у нама) со која организаторите го одбележуваат големиот јубилеј – 150 години од раѓањето на Бора Станковиќ, големиот писател кој со своето творештво го прослави Врање.

„Конкурсот им овозможува на фотографите преку уметничка фотографија да го претстават наследството на Станковиќ, но и да го доловат духот на Врање што го опишувал во своите дела. Освен мотиви поврзани со неговото име – спомен-куќата, споменикот, гимназијата или неговите книги – учесниците можат да фотографираат калдрми, стари сокаци, капии, кафански амбиент и сцени инспирирани од ликовите и атмосферата во неговите дела“, велат организаторите.

Право на учество имаат професионални фотографи и аматери постари од 14 години од сите земји. Секој автор може да испрати најмногу пет фотографии во дигитален формат (.jpg/.jpeg), со минимална резолуција од 6 мегапиксели и големина до 20 MB.

Стручно жири ќе ги избере добитниците на првата и втората награда, додека третата награда ќе ја добие фотографијата што ќе освои најмногу гласови од публиката на социјалните мрежи. Покрај тоа, ќе бидат избрани 20 најдобри фотографии кои ќе бидат изложени во септември, а потоа ќе станат дел од легатот на Градот Врање.

Предвидени се следните награди:

Прва награда – ваучер за фотографска опрема во вредност од 18.000 динари;
Втора награда – ваучер за фотографска опрема во вредност од 12.000 динари;
Трета награда – ваучер за фотографска опрема во вредност од 6.000 динари.

Фотографиите може да се испраќаат до 28 август 2026 година, преку веб-страницата vom.rs/foto-konkurs или на електронската адреса [email protected].

Резултатите ќе бидат објавени до 1 септември 2026 година, а изложбата на избраните фотографии и свеченото доделување на наградите ќе се одржат во текот на септември.

Дополнителни информации можат да се добијат на е-пошта [email protected] или на телефон +381 61 604 0777 или на линк.