×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструира автопатот кај „Белви“, АМСМ апелира да се вози внимателно

    30.03.2024 14:02 | KumanovoNews

    Поради реконструкција на дел од автопатот Куманово - Скопје во близина на хотел Белви изврешена е измена на сообраќајот, поради што од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.

    Се реконструира автопатот кај „Белви“, АМСМ апелира да се вози внимателно

    „На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300 м. после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“. За време на поправката и рехабилитација на државниот пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200 м. сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) во средната (за возење) сообраќајна лента, за да потоа во должина од 1.500 м. целиот сообраќај ќе се одвива по лентата за претекнување (левата), а средната и лентата за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај“, велат од АМСМ.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.