Се степале, па му скршил подлактица
27.09.2013 12:29
| KumanovoNews
Двајца кумановци се степале во центарот на градот по што едниот завршил со скршена подлактица.

Инцидентот се случил на улицата “Гоце Делчев“, кога М.С.(48) прво почнал расправија со С.К.(51), а потоа се степале. При тоа М.С. го удирал С.К. со тупаници по телото при што му ја скршил подлактицата.
М.С ќе одговара за кривично дело тешка телесна повреда.