Мени

Се запалил оџак на куќа кај Зелениот пазар

06.12.2013 12:23 | KumanovoNews

Оџак на куќа синоќа се запалил на улица “Христијан Карпош“ кај Мусли маркет, спроти Зелениот пазар.

Се запалил оџак на куќа кај Зелениот пазар

Противпожарната единица брзо интервенирала и не дозволила да се прошири на останатиот дел на куќата. Пожарот го гаснеле околу еден час, кога оганот е ставен под контрола, информираат од Регионален центар за управување со кризи.