Син нападнал татко, полицијата го привела
06.11.2024 15:52
| KumanovoNews
Дваесет и деветогодишен кумановец вчера е приведен под сомнение дека го нападнал татко му.

„Во 23.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(29) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.