Синови претепале и ограбиле татко
31.01.2019 15:41
| KumanovoNews
Двајца синови извршиле разбојништво врз сопствениот родител.

Таткото Р.С. (65) од Куманово вчера околу 16.00 часот во полицијата пријавил дека во куќа на улица „Драги Шутевски“ во Куманово, неговите синови И.С.(29) и А.С.(18), кои не живеат во истата куќа, извршиле разбојништво над него.
Синовите физички го нападнале и му одзеле 20.000 долари и 400.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.