Мени

Сите пици по 250 денари во УНИКО – нова промоција што не се пропушта

15.04.2026 10:40 | KumanovoNews

УНИКО ресторан започна нова промотивна понуда со која сите пици од менито се по цена од 250 денари. 

Сите пици по 250 денари во УНИКО – нова промоција што не се пропушта

Акцијата е наменета за сите љубители на добра храна кои сакаат квалитетен оброк по пристапна цена.

„Во време кога цените постојано растат, ние имаме одлична вест за сите љубители на добрата храна – промотивен период во кој сите пици се достапни по единствена цена од само 250 денари“, порачуваат од УНИКО.

Од ресторанот велат дека понудата важи за целото мени со пици, подготвени од свежи и внимателно одбрани состојки, со вкус препознатлив за нивните гости.

„Без разлика дали сте љубител на класична маргарита, капричиоза или нешто покреативно – сега е вистинскиот момент да ги пробате сите пици. Промоцијата е идеална можност за семејни ручеци, дружења со пријатели или брз и вкусен оброк во текот на денот“, велат од ресторанот.

Гостите ќе можат да уживаат во докажаната пријатна атмосфера во ресторанот, а пристапните цени го прават УНИКО вистински избор за секоја прилика.

Промотивната цена важи од понеделник до петок во периодот од 09:00 до 18:00 часот, до крајот на април.

За информации, резервации и нарачки, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 075 833 033.

(ПР текст)