Мени

Советот утре ќе ги доизбира членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

30.07.2026 08:23 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на дневен ред единствени точки ќе бидат предлог-одлуките за именување членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија.

Советот утре ќе ги доизбира членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

Советот подолго време не успева да ги комплетира управувачките тела во јавните претпријатија заради слабиот интерес од кандидати кои ги исполнуваат стручните квалификации предвидени со јавниот оглас.  Поради тоа, неколкупати го распишуваше, а потоа го поништуваше конкурсот.

Местата за кои не беа предвидени посебни услови беа пополнети уште со првиот оглас, главно со партиски кадри.

Оваа година, за првпат, членовите на управните и надзорните одбори се избираат преку јавен конкурс. 

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за именување на 1 (еден) член на Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ - Куманово;

2.  Предлог – Одлука за именување на 3 (три) членови на Надзорен одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ - Куманово;

3.  Предлог – Одлука за именување на 2 (два) членови на Управен одбор и 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ - Куманово;

4. Предлог – Одлука за именување на 1 (еден) член на Управен одбор и 2 (два) членови на Надзорен одбор на ЈП „Куманово - паркинг“ – Куманово;

5. Предлог – Одлука за именување на 1 (еден) член на Управен одбор и 1 (еден) член на Надзорен одбор на ЈП „Куманово - гас“ - Куманово;

6. Предлог – Одлука за именување на 1 (еден) член на Надзорен одбор на ЈП „Куманово - план“ – Куманово.