Спречен нелегален увоз на 40 тони јајца од Србија
29.03.2026 12:22
| KumanovoNews
Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава.
„Акцијата беше спроведена на граничниот премин Табановце, каде по деталната контрола беа откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца“, соопшти АХВ.
Постојат индиции дека овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како домашно производство, со што би се загрозиле и потрошувачите и конкурентноста на македонските производители.