×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србија е најголем сојузник за македонските граѓани, Бугарија најголема закана, покажа истражување на ИРИ

    18.04.2024 12:06 | KumanovoNews

    На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник, најмногу од испитаниците во Македонија одговориле дека тоа е Србија (34%), по што следуваат САД (17%), Турција (12%), Русија (8%) и Албанија (5%).

    Србија е најголем сојузник за македонските граѓани, Бугарија најголема закана, покажа истражување на ИРИ

    Убедливо најголем број од македонските граѓани (23%) сметаат дека Бугарија е најголема закана за земјата, според регионалното истражување на американскиот Меѓународен републикански институт за расположението на граѓаните од земјите во Западен Балкан. 12% сметаат дека Русија е најголема закана, по што следуваат Косово (10%), Албанија (9%) и САД (8%).

    На прашањето каква треба да биде надворешната политика на земјата, 31% од македонските граѓани одговориле само проевропска и прозападна, a 12% прозападна, но да се одржуваат односите со Русија. 23% сметаат дека треба подеднакво да се соработува со Западот и со Русија, а 11% проруска, но да се одржат односите со ЕУ и Западот. 5% сметаат дека надворешната политика на Македонија треба да биде проруска.

    На прашањето дали ЕУ е сериозна во намерата да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, 47% од македонските граѓаните сметаат дека не е, наспроти 34% кои сметаат дека е сериозна.

    Истражувањето е спроведено до 2 февруари до 5 март, на 1.220 испитаници од Македонија. Покрај Македонија, со истражувањето се опфатени Србија, БиХ, Албанија, Косово и Црна Гора.

    (СДК.мк)