Српскиот министер за образование во посета на училиштата во Табановце и Старо Нагоричане
04.09.2019 16:59
| KumanovoNews
Министерот за образование, наука и технилошки развој на Република Србија, Младен Шарчевиќ, утре ќе ги посети училиштата во кои се изведува редовна настава на српски јазик, „Браќа Рибар“ во Табановце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане.
Притоа на првачињата ќе им подари комплет учебници на српски јазик за новата учебна година.
Шарчевиќ е во дводневна посета на Македонија, а денеска присуствуваше на отворањето на новото основно училиште во „Киро Глигоров“ во Општина Центар, каде учениците во трето одделение за првпат ќе посетуваат факултативна настава на српски јазик.

