Мени

Суплементите не се замена за храна: што треба да се знае за протеинот, креатинот и витамините

26.05.2026 12:45 | KumanovoNews

Протеинот, креатинот и витамините се меѓу најчесто користените суплементи кај луѓето што вежбаат, но воедно и меѓу производите за кои најчесто има погрешни претстави. 

Суплементите не се замена за храна: што треба да се знае за протеинот, креатинот и витамините

Една од најраспространетите заблуди е дека суплементите можат да заменат оброк, иако нивната вистинска улога е сосема поинаква, тие треба да ја надополнат исхраната, а не да ја заменат.

Од Virtual Shop Supplements велат дека протеинот е еден од основните додатоци за луѓе што редовно тренираат, но само ако се користи како дел од уреден режим. Според нив, добар резултат не може да се очекува ако зад суплементите не стојат редовна исхрана, физичка активност и континуитет.

Слични дилеми има и околу креатинот, кој често се доживува како производ резервиран само за професионални спортисти. Од продавницата објаснуваат дека креатинот може да го користи секој што е физички активен, без разлика дали тренира рекреативно или професионално, а најчесто се употребува поради поддршката што ја дава во силата, издржливоста и перформансите.

„Луѓето често мислат дека суплементите се или штетни, или непотребни, или дека можат да ја заменат храната. Тоа не е точно. Секој суплемент има своја улога, но само кога се користи правилно и со јасна цел“, велат од Virtual Shop Supplements.

Од таму додаваат дека суплементите не се наменети само за бодибилдери, туку и за рекреативци, жени и за сите што вежбаат неколку пати неделно и сакаат подобро да се грижат за своето тело. За почетници, најчесто се препорачуваат основни производи како протеин и витамини, а изборот треба да зависи од навиките, целта и начинот на живот.

Важен дел од приказната, според нив, е и едукацијата. Не секој производ е за секого, а некои додатоци, како тестобустерите, бараат и повеќе информираност пред да се користат. Токму затоа, велат, не е доволно некој само да купи производ, туку треба да знае што зема, зошто го зема и каков ефект реално може да очекува.

„Не сакаме само да продадеме производ, туку купувачот да добие и совет. Најважно е човек да знае што навистина му треба, а што не, зависно од тренингот, исхраната и целта што ја има“, велат од тимот.

Virtual Shop Supplements е онлајн продавница од Куманово, која работи веќе 2 години. Во понудата најчесто се бараат протеин, креатин, предтренажни суплементи, БЦАА, витамини и аминокиселини. Наместо класичен модел со физичка продавница, тимот се одлучил за интернет-продажба, со идеја да понуди поголем избор, побрза услуга и полесна достапност за купувачите. Нарачките се доставуваат во сите градови во Македонија. Од продавницата велат дека за Куманово доставата најчесто стигнува за еден до два дена, а за останатите градови за два до четири дена.

Покрај продажбата, од Virtual Shop Supplements велат дека нивен план е да работат на поголема залиха, подобра едукација и поголема доверба кај купувачите. Нивната порака е дека суплементите треба да се гледаат како алатка во правилно поставен режим, а не како краток пат до резултати.

Нивните производи можете да ги најдете на нивната веб страна, Инстраграм и Фејсбук профил. 

Комерцијален текст*