Сузана Максимовска нова директорка на Регионалниот центар „Киро Бурназ“
Сузана Максимовска е именувана за в.д. директорка на Државното средно училиште – Регионален центар за средно стручно образование „Киро Бурназ“.
Таа има долгогодишно професионално искуство како професорка токму во ова училиште, каде активно придонесува за развојот на воспитно-образовниот процес.
Во својата нова улога, Максимовска најавува јакнење на училиштето како современ и препознатлив регионален центар за средно стручно образование, унапредување на наставата, како и поддршка на учениците и наставниот кадар. Посебен акцент ќе биде ставен на јакнењето на практичната настава и на соработката со бизнис-заедницата.
„Целта е да го продолжиме патот што го започнавме како регионален центар и да функционираме како современо, модерно, иновативно и квалитетно училиште, со атрактивни струки и профили, препознаено по својот капацитет и можностите што ги нуди учениците да стекнуваат знаења и вештини веднаш применливи во општеството и во реалниот живот“, истакна Максимовска.