Свети Сава неработен ден за Србите во Македонија
24.01.2022 12:11
| Сузана Николиќ
Свети Сава - 27 јануари е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.