Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица ноќеска по полноќ нападнале полицаjци додека извршувале работни задачи.
„Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Џ.М.(64) и неговиот малолетен син од Куманово затоа што ноќеска во 00.35 часот физички и со метален предмет нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, соопшти Кумановската полиција.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.