Татко неколкупати ја мажел малолетната ќерка за пари, таа го пријавила во полиција
15.07.2024 22:49
| KumanovoNews
Малолетно девојче од Куманово го пријавило својот татко во полиција, затоа што сакал по третпат да ја мажи за пари.

„Вчера во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја мажи побегнала од живеалиштето и го
пријавила настанот во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.