×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Теодора Ѓорѓиевска освои прво место на државен ликовен конкурс за справување со пластика

    01.04.2024 21:41 | Оливера Пешевска

    Теодора Ѓорѓиевска, ученичка во прва година од СОУ „Перо Наков“ во Куманово освои прва награда на државен ликовен конкурс на тема „Справување со загадувањето од пластика“. 

    Теодора Ѓорѓиевска освои прво место на државен ликовен конкурс за справување со пластика

    Конкурсот го организира Бирото за развој на образованието, по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите- 15 март.

    Нејзиниот награден цртеж е со наслов  „Да го заштитиме морскиот свет“, а инспирација и е живиот свет во сите водни површини- реки, езера, мориња, океани. Смета дека тој еко-систем е најзагрозен од пластичниот, и генерално од секој отпад. Токму водните животни ги носат најголемите последици од она што го прават луѓето и затоа таа тема најмногу ѝ одговарала. На часовите работела многу малку, со помош и консултации на класната ги исцртала контурите, а подоцна дома работела на боење и сликање на наградениот цртеж.

    Наградата и е врачена на настан организиран од Министерството за економија.

    „Бев премногу возбудена кога сфатив дека сум првонаградена. Некако се мислев на пола-пола, од една страна верував дека ќе бидам најдобра, најмалку второ место, но сепак постоеше мал сомнеж. И родителите и домашните многу се израдуваа, а секако и класната и менторот Милена Арсовска, со која заедно присуствувавме на настанот и прославивме“, раскажува Теодора.

    На конкурсот второ место го освоил Ален Милковски, ученик од Гимназијата од Куманово, а трето место ученик од Прилеп.

    Теодора досега учествувала на натпревари во основното училиште „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане, а во зградата на училиштето во Младо Нагоричане изработиле мурал во целиот ходник, заедно нејзината другарка и соученичка Тамара Милевска.

    Таа црта и слика од малечка, затоа и избрала да се запише на насоката за графички дизајн во „Перо Наков“, а планира и понатаму да го продолжи школувањето во сферата на уметноста. Најмногу ја „влече“ реализмот, смета дека тука дава најдобри резултти. Што се однесува до уметноста во се може да се снајде, ништо не ѝ паѓа тешко.

    Учениците на графички дизајн во Средното општинско училиште „Перо Наков“ работат по програма од Уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје. Се работат сите сликарски, вајарски и графички техники и типографија.

    „Имаме талентирани ученици кои рамноправно можат да застанат рамо до рамо со дипломирани уметници. Ќе ги рашириме крилата да се покажеме и пред пошироката публика. За почеток можеби тука, во Куманово, за да видат и родителите како напредуваат нивните деца, а и јавноста дека и во ова средина има извонредни таленти, за кои допрва ќе се зборува“, вели професорката Милена Арсовска.

    Учениците ќе продолжат да учествуваат на државни, меѓународни натпревари или конкурси, да воспоставуваат соработка и со странските амбасади кои очекуваат поддршка и конкретни проекти.