Тепачка на свадба во Куманово
17.11.2024 19:22
| KumanovoNews
Мајка и две сестри физички се пресметале со малолетно девојче на свадба во Куманово.

Случајот во полиција го пријавил таткото на тепаното девојче.
„37- годишен кумановец пријавил дека на 14 ноември околу 15.00 часот на свадбена веселба во Куманово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.