Тешко повреден работник во фабрика во Куманово
06.12.2024 22:12
| KumanovoNews
Од Итна медицинска помош во кумановската полиција денеска пред 16 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Ј. (59) од Куманово.

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фабрика на автопатот Е75“, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а бил известен јавен обвинител.