Трибина за заштита на амбиенталниот воздух во Општина Куманово
15.11.2018 18:39
| KumanovoNews
Советот на Општина Куманово утре во 13 часот организира трибина на тема „Заштита на амбиенталниот воздух во Општина Куманово“.

На трибината ќе присуствуваат: универзитетските професори Коста Митевски од ФИНКИ и Жико Давчев од Факултетот за земјоделство, Борис Секирарски, метеоролог, доктори од Центарот за јавно здравје, претсавници од РЦУК, ЈП „Чистота и зеленило“, Општината, советници и невладини организации.
Трибината ќе се одржи во зградата на Комитет. Се организира поради големата загаденост на воздухот во последните десетина дена во Куманово.