Тригодишно дете се затруло со таблети
14.12.2024 18:36
| KumanovoNews
Тригодишно дете се затруло со таблети, по што итно било пренесено во болница.

„Од Општа болница Куманово вчера во 17 часот било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово, кое било затруено откако испило поголема количина таблети“, соопшти МВР.
На местото излегле полициски службеници од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.