×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсен млад кумановец за продажба на дрога и напад на полицаец

    27.03.2024 11:40 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

    Уапсен млад кумановец за продажба на дрога и напад на полицаец

    На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу 10 грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.