Убиена 78-годишна жена во Челопек, со перница ја задушил 25-годишен жител на Малотино
Седумдесет и осумгодишна жена од кумановското село Челопек била убиена, откако во нејзиниот дом ја нападнал и со перница ја задушил 25-годишен жител на Малотино.
„Вчера во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од слобода Т.Б.(25) од с.Малотино, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12.02.2026 во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото. Исто така, тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.