Ученици препраќале вулгарни фотографии од соученичка
31.01.2019 15:24
| KumanovoNews
Ученици од основно училиште во кумановско село, меѓусебно препраќале фотографии со вулгарна содржина од нивна соученичка.

Откако за тоа дознале директорот и класниот раководител, ја повикале мајката на девојчето во училиштето, при што и ги покажале сликите на мобилен телефон.
Таа вчера пријавила во Кумановската полиција, каде се работи на расчистување на случајот.