Учениците од утре на настава
Од утре започнува второто полугодие за учебната 2018/2019 година, соопштија од Министерството на образование.

Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух. Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година започнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија, - соопшти Министерството за образование.
Второто полугодие требаше да започне вчера, меѓутоа Владата одлучи учениците да останат дома уште два дена поради загадувањето на воздухот.