Мени

Украле шини за лифт од зграда во изградба

27.06.2026 13:27 | KumanovoNews

Непознати сторители украле метални шини за поставување лифт од зграда во изградба на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Украле шини за лифт од зграда во изградба

„М.А. (29) од Куманово пријавил дека од објект во изградба на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, на засега точно неутврден датум, во текот на изминатите два месеци, биле одземени метални шини за поставување лифт, сопственост на правно лице од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.