Унгарец починал во автобус на Табановце
25.08.2019 17:59
| KumanovoNews
Синoќа, во 22.50 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С.(71) од Унгарија.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија.
Известен е јавен обвинител.

