Уште една измама со огревно дрво, пензионер останал без 16.000 денари
15.10.2024 16:04
| KumanovoNews
Во Кумановската полиција вчера била пријавена нова измама со огревно дрво.

„78-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари. Според пријавеното, лицето му понудило
огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето го оставило да чека и заминал во неговиот дом, каде што ги побарал парите од неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот“, соопшти МВР.