Утре во Куманово изложби на расни кучиња
18.09.2026 20:51
| KumanovoNews
На спортските терени на Градскиот кеј во Куманово утре /сабота/ ќе се одржат две кинолошки изложби на кои ќе бидат претставени кучиња од различни раси.
„Утре ќе се одржат Државната изложба во убавина за сите раси на кучиња – CAC Kumanovo и Меѓународната изложба во убавина за сите раси на кучиња – CACIB Kumanovo. Изложбите ќе започнат во 10 часот, а учесниците ќе ги оценуваат судии од Португалија, Полска, Словачка, Србија и Македонија“, соопшти организаторот.
Настанот е во организација на Кинолошкиот клуб Кумамново, а љубителите на кучињата ќе имаат можност да видат претставници од различни раси и да ги следат оценувањата на судиите.