Мени

Утре започнува Турнирот во мал фудбал „Видовдeн 2026“

20.06.2026 10:19 | Стефан Николиќ

На спортскиот терен Соколана, утре (21 јуни) започнува традиционалниот Турнир во мал фудбал „Видовдeн 2026“, во организација на Српската заедница во Македонија – Регионален одбор Куманово.

Утре започнува Турнирот во мал фудбал „Видовдeн 2026“

На турнирот ќе учествуваат осум екипи, поделени во две групи.

Натпреварите ќе се играат секоја вечер со почеток во 19 часот.

Финалниот натпревар меѓу двете најдобри екипи ќе се одигра во четврток (25 јуни), кога ќе биде прогласен победникот и ќе бидат врачени наградите за најуспешните учесници на турнирот.

Турнирот во мал фудбал „Видовдeн 2026“ е поддржан од Општинскиот сојуз на спортови Куманово.

Одржувањето на турнирот секоја година привлекува големо внимание и бројна публика, како меѓу учесниците, така и меѓу љубителите на фудбалот во Куманово.