×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • (ВИДЕО) Фекалии течат покрај градинката „Буба Мара“ од новите куќи покрај автопатот кои немаат канализација

    18.03.2024 13:19 | Оливера Пешевска

    Новите куќи од левата страна на автопатот на влезот на Куманово на т.н. Говедарски пат, како и од улиците „Петар Драпшин“ и „Драги Шутевски“ немаат канализациона мрежа, па фекалиите течат низ отворен канал покрај градинката „Буба Мара“ и Центарот за лица со попреченост.

    Сопственици на околу 35 новоизградени куќи од новата населба, како и од другите две улици,  самоиницијативно ископале канал во кој се слеваат фекалиите од нивните домови да истекувата од другата страна на автопатот. Ова претставува сериозна закана по здравјето на сите кои живеат или работата во близина на оваа отворена зараза.

    Жителите од овој дел на градот велат дека во зимските месеци не е толку алармантно и смрдеата од канализацијата не се чувствува толку силно. Но, со доаѓањето на пролетта, а особено во лето, не можат да отворат прозорци, ниту да излезат во дворовите. Тие тврдат дека во неискосениот дел околу каналот има глувци или змии.

    „Направија „серава“, никого не го интересира. Сто пати имам пишувано и до надлежните и до медиумите и на социјалните мрежи, никој не сака да мрдне со прст и да направи нешто за разрешување на ситуацијата“, вели Садик Адеми, жител од тој дел од градот.

    Дел од жителите на улицата „Петар Драпшин“ и „Драги Шутевски“ поднеле и писмено барање до Општина Куманово за решавање на овој проблем, а минатата недела не дозволиле да се асфалтира улицата додека не се изгради канализациската мрежа.

    „Неколку пати имаме испраќано барање до Општината и добивме одговор дека во програмата за 2021 година е предвидена изработка на техничка документација за изградба на фекална канализација на овие две улици. Уште ништо не е направено, па минатата недела стопиравме асфалтирање на „Драги Шутевски“. Неразумно е првин да асфалтираат, па подоцна да раскопуваат, нека направат првин основни работи, канал немаат соседите. А имаат водоводна мрежа и редовно добиваат сметки, во кои плаќаат и за отпадни води“, истакнува  Адеми.

    Во програмата за изработка на техничка документација за фекална канализација на Општина Куманово е предвидено да се проектираат изведба на 588 метри, но истиот потег- улица „Петар Драпшин“ до градинка и дел од улица „Драги Шутевски“ во иста должина е предвиден и во програмата за експропријација на земјиште од страна на општината. 

    Тоа практично значи дека до правно разрешување на имотно- правни односи нема да се изведуваат никакви интервенции, па жителите и не можат да се надеваат на изградба на канализациска мрежа за брзо време.

     

    (ВИДЕО) Фекалии течат покрај градинката „Буба Мара“ од новите куќи покрај автопатот кои немаат канализација