Мени

ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на Студена Вода по повод Денот на пролетта (Видео)

22.03.2026 12:34 | KumanovoNews

Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“ и „Македонски шуми“ – подружница Куманово, спроведоа акција за пошумување на локалитетот Студена Вода – Добрашане.

 

На и околу излетиштето беа засадени садници од туја, јасен, чемпрес и црн бор, како и украсни грмушки, со цел раззеленување и уредување на просторот.

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека станува збор за една од низата акции што се реализираат во овој период од годината.

„Засаден е голем број садници и очекуваме сите успешно да се прифатат. Ќе се грижиме за нивното одржување и наводнување. Очекуваме и поддршка од месното население од Доброшане, кое денеска се вклучи во голем број“, рече Томиќ.

Тој додаде дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, имајќи предвид дека постојат бројни барања од граѓани, училишта и месни заедници.

Слична акција неодамна беше реализирана на барање на жителите на месната заедница „Панче Пешев“, каде покрај коритото на реката беа засадени чемпреси.

Акцијата е организирана по повод 21 Март – Денот на пролетта и традиционално се одржува секоја година.

 

ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на Студена Вода по повод Денот на пролетта (Видео)