Во Куманово ќе се оддржи отворен ден на Армијата за граѓаните
На платото пред Затворениот безен во Куманово, денеска во 13 часот ќе се оддржи отворен ден на Армијата за граѓаните, кој го организира Министерството за одбрана и АРМ, во соработка со Локалната самоуправа Куманово.

Настанот е дел од активностите со кои се одбележува неделата на НАТО, 70 – годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.
На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, да ја проследат познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата кои ќе бидат изложени од страна на припадниците на армијата, - соопштуваат организаторите.
Активностите кои ќе бидат прикажани на отворениот ден ќе ги проследат и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на здружената оперативна команда генерал-мајор Павле Арсоски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претставници на јавните претпријатија, училишта и организации од локалната самоуправа.