Во Куманово денеска и утре ќе се прска против бубашваби, глувци и комарци
03.06.2024 08:18
| KumanovoNews
Денеска и утре ќе спроведе третмани за дезинсекција и дератизација од земја, против бубашваби, глувци и комарци .

„Дезинсекција – третман против црна бубашваба на канализационата мрежа во шахти и дератизација – третман против глодари ќе се спроведе денеска од 8 часот. Утре на полноќ предвидено е да се реализира третман – терестична адултицидна дезинсекција – против возрасна форма на комарци. Задолжителна е заштита на пчелните семејства“, соопштуваат од Општина Куманово.
Доколку временските услови не дозволуваат, третманите ќе се изведат наредниот ден.