Мени

Во Куманово наврнаа 11 литри дожд

12.06.2026 12:37 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа во Куманово навнаа 11 литри дожд на метар квадратен.

Во Куманово наврнаа 11 литри дожд

Најмногу дожд падна во Тетово и на Попова Шапка со 16 литри, а потоа следуваат: 13 Крушево, 12 Берово, 11 Куманово, 10 Штип, 6 Лазарополе, 5 Крива Паланка, 3 Виница, Кавадарци, 2 Охрид, Прилеп, Демир Капија, 1 Маврови Анови, Скопје – Петорвец, Струмица.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска е променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 24 степени.