Во Куманово откажани културните манифестации
14.02.2019 12:21
| KumanovoNews
Во Општина Куманово денеска се откажани сите културни манифестации, поради деновите на жалост во земјава, по синоќешната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во која загинаа 14 патници, а седум од повредените се во критична и тешка состојба.
Во средното училиште „Киро Бурназ“ откажани се активностите по повод празникот Свети Трифун, а денеска и утре одложени се и претставите во Кумановскиот театар, како и настаните во Центарот за култура.