Во Куманово првото бебе машко, се роди на 2 јануари
03.01.2022 12:11
| Сузана Николиќ
Првото бебе во 2022 година се роди вчера попладне на гинеколошко- акушерското одделение во Општа болница Куманово.

Бебето е машко и се роди во 16.55 часот. Се работи за 4 дете во семејството Синани, кое има три девојчиња.
Бебето и мајката ги посети делегација од Општина Куманово и Кумановската болница, кои однесоа подароци на мајката и бебето.
Во 2021 година во Куманово се родиле 933 бебиња.