×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одржа втората изложба на мини модели на автомобили

    21.05.2023 11:19 | Сузана Николиќ

    По успехот од минатата година, овојпат, во фоаjето на Центарот за култура синоќа се одржа втората изложба на минијатурни модели на автомобили која ја организираше клубот „Die-Cast“ од Куманово.  

    Во Куманово се одржа втората изложба на мини модели на автомобили

    На изложбата учествуваа двесетина пасионирани колекционери од земјава, кои ги претставија своите вредни експонати – реални реплики на вистински модели од разни производители, кои со години ги собирале и ги чуваат од заборав на времето. 

    И оваа година на изложбата беа Аце Дејановски, Јовица Ѓелевиќ, Стефан Трендафиловиќ од Куманово, Ненад Петровски од Скопје, кои се докажани колекционери и организатори на дружењата, но нивната екипа ја збогатија и нови колекционери и клубови. 

    За првпат на изложбата учествуваше Стефан Трајковиќ од Куманово, програмер, кој  вели дека ова хоби го разбудило детето во него.

    “Мојата  колекција брои околу 900 автомобилчиња. Почнав со италијанстата марка „ферари“, а потоа колекцијата ја збогатив со германските возила „ауди“ и „мерцедес“ во различен размер. Сите ги чувам во стакление витрини, со изолација и заштита од прашина, за да не доѓаат до раце на нашите гости, особено на децата кои се љубопитни и сакаат да се играат со нив. Најголем проблем ни е прашината при нивното оддржување, бидејќи таа многу ги оштетува. За нас  викаат дека сме големи деца и тоа е точно, бидејќи јас се радувам на малите модели како да се големи. Кога ќе правам муабет со некој мој пријател знае на шега да ми каже дека не сум нормален, но кога ќе се почне со ова колекционерство нема назад, тоа е појако од нас“ , вели Стефан, кој додава дека има уникатни модели од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, кои се беспрекорно сочувани и многу вредни.

    Новина оваа година бше изложбата на макетите на воени и оклопни возила, авиони и хеликоптери изработени од членовите на  Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски Микс“ од Скопје, кои велат дека целта на учеството е да се анимира пошироката публика и да се привле вниманието на младите, за да ги остават компјутерите и да ја развијат моториката на рацета.

    „Дојдовме како поддршка на  „Die-Cast“- вљубениците, за да прерасне во нешто поголемо и да се пренесе на младите. Ова е добра интернационална култура, кај нас се уште е во зародиш, но се надевам дека ќе оди напред. Овде сакаме да претставиме што е макетарство и која е суштината на макетарството, имаме макети од времето на Втората светска војна па до денеска, модерна авијација и нашата воена историја“, кажа Марјан Трајков, потпретседател на клубот, кој кажа дена нивниот клуб е формиран во 2016 година, учествувале на интернационални изложби во Скопје и има богато искуство во развојот на макетарството во државата.

    Атракција меѓу нивните експонати беше модел на застава 750 или попознататото “фиќо“ со комплетен мотор и оригиналните гуми, сопствениот ни кажа дека може да се запали и да се движи, вратите и прозорците се отвораат, седиштата се поместуваат, а работат и  трепкачите.

    Организаторите на изложбата од  клубот „Die-Cast“ од Куманово велат дека оваа година се исложени околу 1000 колички на колекционери од Куманово, Скопје, Велес и Струмица, а целта е да се омасови колекционерството. 

    „Денеска гледаме нови луѓе на изложбата што ни дава надеж дека успеваме во намерата. Планираме да организираме уште една изложба во декември во Куманово, а потоа размислуваме и за регионална и меѓународна изложба, во контакс сме со колегите од Србија и Хрватска. Но, тоа ќе за зависи и од развојот на клубот и поддршката што ќе ја добиваме“, изјави Аце Дејановски.

    Колекционерите од земјава кажуваат дека новите модели најчесто ги купуваат од Србија, а нарачуваат и од европските земји. Цените на парче се движат од едно до 100 евра, во зависност од моделот и староста. Вредноста зависи и од тоа дали се работи за играчки или за колекционерски модели, кои обично се поскапи и со годините добиваат на цена. Според нашите соговорници, најквалитетни колекционерски модели изработуваат јапонските фирми, па американските и кинеските.

    Минијатурните модели на автомобили постојат речиси исто колку и вистинските автомобили. Со годините растел и квалитетот на изработката. Тие се изработуваат во повеќе размери, но најзастапени се: 1:18, 1:24, 1:32, 1:43 и 1:64. 

    Клубот „Die-Cast“ постои од 2018, а името го добил по моделот на автомобили кои популарно се нарекуваат Die-Cast поради начинот на изработка и брои 270 членови.

    Идејата на членовите на клубот е вакви изложби да организираат двапати годишно.